Публикација: „Културни простори за активни граѓани / Publication: „Cultural spaces for active citizens“



english>>>>

„Културни простори за активни граѓани“ e проект на организацијата „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата – Скопје, кој се реализира во партнерство со „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ) – Битола/Скопје и во соработка со „Гласен Текстилец“ – Штип, „Плоштад Слобода“ – Скопје и „Театар на Навигаторот Цветко” – Скопје.

Преку креирање и имплементација на посебни методолошки пристапи и активности, проектот имаше цел да отвори прашања за и околу јавниот простор, просторот во културата и уметноста; или поконкретно, за неговата намена, користење, управување, односно употреба од професионалците во полето на културата и граѓаните. Затоа, во времетраењето на овој проект (бидејќи организациите - партнери во проектот повеќе години наназад се бават со оваа тема, како поединечно така и преку заеднички иницијативи и активности), своето делување го насочија кон четирите простори: „Кино Култура“ – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура во Скопје, киното на Железничка зграда во Скопје, Офицерски дом во Битола и КУЦ „Текстил“ во Штип.

Публикацијата ги претставува овие четири простори во областа на нивната историја, моменталната состојба на просторот и нивното функционирање - сопственоста, организациската и управувачката структура, резултатите од истражувањата поврзани со просторите и препораките за нивно понатамошно развивање како јавни простори во културата и уметноста за професионалните заедницата и граѓаните.

Публикацијата дава преглед на проектот и неговите активности спроведени во периодот мај 2017 - јули 2018 година.


Публикацијажта можете да ја симнете тука „Културни простори за активни граѓани“

english>>


The Publication is developed in the frame of the project “Cultural Spaces for Active Citizens” organized by “Lokomotiva” – Center for New Initiatives in Arts and Culture – Skopje in partnership with “Faculty of things that can’t be learned” (FRU) – Bitola/Skopje, and in collaboration with “Loud Textile Worker” – Shtip, “Freedom Square” – Skopje, and “Theater Navigator Cvetko” – Skopje.

By creating and implementing specific methodological approaches and activities, the project aimed to raise questions about and regarding the public space, the space in culture and art; or, more specifically, its function, practice, governance, i.e. its use by the professionals in the field of culture and the citizens. Therefore, within the timeframe of this project the partners dedicate their action towards the following four spaces: “Kino Kultura” – project space for contemporary performing arts and contemporary culture in Skopje, the cinema of the Railway Residential Building in Skopje, Officers’ House in Bitola, and Cultural and Artistic Center “Textile” in Shtip.

The publication presents these four spaces in the realm of their history, current situation of the spaces and their functioning – ownership, organizational and management structure, results from space related researches and recommendations for their further development as public spaces in culture and art for the professional community and the citizens.

Additionally, the publication gives overview of the project and its activities implemented within in the period May 2017 – July 2018.

DOWNLOAD CULTURAL SPACES FOR ACTIVE CITIZENS

Comments